ВИДЕО: Димитриевски доби две опомени и црвен картон во ПЕТ секунди!

76

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски заработи црвен картон во шпанската Сегунда. Рајо Ваљекано загуби на гости кај Леганес со 1-0, а меѓу стативите дебитира Лука Зидан, синот на легендата и тренер на Реал Мадрид.

Димитриевски го доби првиот жолт картон во 63. минута поради приговор, а неколку секунди подоцна беше и исклучен. Засега не е познато што голманот му кажа на судијата Прието, ама во моментите кога се спремаше да изведе гол-аут сè уште зборуваше и заработи втор жолт картон.

  • Ситуацијата со исклучувањето:

Леганес од четвртата минута водеше со 1-0, а во 63. минута, Столе Димитриевски доби бизарен црвен картон. Најпрво судијата му покажа жолт, а веднаш потоа и директен црвен поради некој дополнителен збор кој голманот не требаше да го каже.

На местото од Димитриевски во игра влезе синот на Зинедин Зидан, Лука Зидан.