Волстрит со информација дека коронавирусот го имало во Америка, пред да избие во Кина

65

Според најновите истражувања, вирусот корона бил присутен во САД пред да се појават првите случаи во Вухан, Кина, кој досега се сметаше за извор на вирусот.

Ова е заклучено врз основа на истражување на примероци од 7.389 донатори собрани во девет американски држави во периодот од 13 декември до 17 јануари, од кои вирусот корона е откриен во 106 случаи, пренесува порталот „Национална пошта“.

Примероците беа собрани од американскиот Црвен крст и предадени на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за да се утврди присуството на вирусот.

Според Волстрит журнал, ова откритие укажува на тоа дека вирусот се шири низ целиот свет пред научниците да станат свесни за тоа.

Истражувањето е објавено и во списанието Клинички инфективни болести.