Ке бидеме сведоци на уште еден решавачки (седми) меч. Патникот во финалето на Западната конференција ќе биде решен по мајсторка, откако Денвер одново го совлада Лос Анџелес Клиперс и изедначи на 3-3 во полуфиналето. Нагетси до средината на третата четвртина беа работ на пропаст (имаа негатива од 19 поени) но благодарение на неверојатниот Никола Јокиќ се вратија во игра и на крајот славеа со убедливи 111-98.
Српскиот репрезентативец зад своето име запиша дабл-дабл од 34 поени и 14 скока “зачинети” со 7 асистенции. Второ име во редовите на Денвер беше Џемајл Мареј со 21 постигнат поен. Мареј го најави “кам-бекот” на својот тим во решавачкиот дел од натпреварот. Нагетси намалија на 79-77, на стартот на последниот период Јокич со две тројки донесе водство на својот тим и го отвори патот кон седмиот меч.
Денвер се врати од 1-3 и во претходната рунда против Јута Џез, па доколку триумфира и на “мајсторката“ со Kлиперс-и, ќе стане прв тим во историјата на НБА што во две фази од плејофот имал камбек од ваква “невозможна мисија“. Решавачкиот меч се игра за два дена. Во финалето веќе е пласиран тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















