Бокс корнер-Експлозивен судир во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

78

Рано утрово бевме сведоци на интересен судир. Поранешниот шампион во тешка категорија, британецот Ентони Џошуа официјално го започна свoјот обид за враќање кон врвот. Противник беше албанскиот “тешкаш” Кристиан Пренга. Двобојот се одржа во “Џеда Супердоум” во Саудиска Арабија.

На изненадување на многумина, Пренга беше тој кој ја имаше контролата во првата рунда. Џошуа се најде во опасност само 20-ина секунди по отпочнувањето на дуелот. Пред крајот на првата рунда, британецот повторно се најде во тешка ситуација која успеа да ја издржи. Набргу работите си дојдоа на свое место. Директот на Џошуа беше кобен за Пренга а серијата од крошеа се покажаа како фатални за борбата да биде прекината во втората рунда. Технички нокаут за Џошуа и негов 30 триумф во кариерата, од кој 27 завршија со “предвремен” крај.

По оваа борба, боксерските експерти очекуваат уште повеќе да се интензивираат преговорите помеѓу двата поранешни шампиони и т.н. “британски колоси”. Борбата помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа е нешто за кое се зборува повеќе од една деценија и по се изгледа дека нивниот судир на легендарниот стадион “Вембли” е прашање на време.

Димитар Младеновски