Бокс корнер со Димитар Младеновски-Како Тајсон Фјури го детронизира Владимир Кличко? (ВИДЕО)

1483

Во боксот, најмалите детали може да направат огромна разлика.

Toa e осебно воочливо кога станува збор за психолошка игра на зборови и вртоглаво висока самодоверба. Една од најмаркантните личности кој се појавиле во рингот (шампионот во тешка категорија) Тајсон Фјури, тоа го покажа на најдобар можен начин.

This image has an empty alt attribute; its file name is 2-1.jpg

Кога за прв пат ја освои светската круна, Фјури го победи Владимир Кличко по негово 10 годишно доминирање. Оваа борба претставуваше своевидна “промена на генерациите”.

На 28-ми Ноември 2015 година, во Дизелдорф (Германија), Англискиот колос го урна Украинскиот гигант. На 27-годишна возраст, Фјури го исполни ветувањето дека ќе стане светски шампион.

Следува видео во кое детално се опишува менталната подготвеност на секогаш непредвидливиот “Gipsy King”.

Димитар Младеновски