Српската пејачка Маја Беровиќ неодамна го промовираше новиот албум а меѓу темите кои што се најдоа на него е и рефренот „Интиме“ за кој сними провокативен видео запис кој многу потсетува на спотот на фолкерката Сања Цинцева за „Барбика кралица“.
Имено, и двете пејачки во видеото заводливо танцуваат пред олдтајмер облечени во секси бодиња, а дали станува збор за случајност или Маја ја ископирала Сања, проценете самите…
Инаку, по повод ова ја исконтактиравме Сања која накусо ни објасни дека мисли оти станува збор за случајност и додаде дека е среќна што со Маја со имаат вкус кога спотовите, но и музиката се во прашање.
„Мислам дека е случајност, јас ја почитувам работата на Маја Беровиќ и морам да кажам дека многу ми се допаѓаат нејзините нови песни и стилот кој го практикува во последните неколку години, кажа Сања.
Погледнете ги видеата и пишете ни во коментар ваше мислење…




![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)










![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















