За случајот со Нејмар: ПСЖ така му направи на Манчестер Јунајтед, сега истото им се враќа

763

ПСЖ вчера потврди дека Нејмар не се појавил деновиве на летните подготовки во склоп на новата натпреварувачка сезона.

Клубот од Париз најверојатно ќе го санкционира Нејмар од неговата плата, како превентива да го врати повторно во своите редови, доколку не направи трансфер во Барселона.

Но во ПСЖ мора да знаат дека во фудбалот, како и во животот, како правиш, така ќе ти прават.

Ако добро се сеќавате, ист беше случајот со Анхел Ди Мариа, кој се договараше зад грбот на Манчестер Јунајтед за трансфер, и кој исто така не се појави на сезонски подготовки со „црвените ѓаволи“ па за да се смири работата, договорен беше трансфер од Јунајтед во ПСЖ, а ѓаволите се согласија со ПСЖ дека не може да се задржи играч против сопствената волја.

Се уште е неизвесно, но очигледно дека Нејмар сака да се врати во Шпанија и следните две недели ќе бидат клучни за исходот на оваа сага.