Се разбуди џинот од кој стравува половина свет: Погледнете ја силната ерупција на Попокатепетл, исфрлал пепел на далечина од неколку километри

393

Мексиканските власти издадоа жолто предупредување, бидејќи вулканот Попокатепетл доцна во понеделник вечер почна да исфрла огромна количина на густ пепел на километар во воздух и неколку километри од кратерот.

Во меѓувреме, снимките од ерупцијата го преплавија Интернетот.

Луѓето се замолени да се држат понастрана од подрачјето во кругот од 12 километри од кратерот, бидејќи се очекува дека пепелот од вулканот ќе се расфрла кон североисточниот дел на Пуебло.

Вулканот покажа зголемена активност во последните неколку недели.

Попокатепетл се наоѓа на само 70 километри од мексиканската престолнина.