Едер Милитао е приказна на денот – Реал длабоко загриза

0
28

Бразилскиот дефанзивец Едер Милитао е пред трансфер во Реал Мадрид, тврдат денеска шпанските медиуми.

Стоперот дојде во Порто пред почетокот на оваа сезона од Сао Паоло за само четири милиони евра, но покажа дека е извонреден фудбалер и можно е по само шест месеци да си замине. Неговата откупна клаузула изнесува 50 милиони евра, но од Реал се надеваат дека ќе можат да симнат на 42 што е 10,5 пати повеќе од сумата што ја плати Порто.

Кралскиот клуб“ има одлично искуство и соработка со Порто. Последните 15 години оттаму дојде Пепе, Данило и Каземиро, а Икер Касиљас се пресели во 2014 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here