За само 6 месеци во Црна Гора азил побарале 1.380 лица

710

Во просек помеѓу 100 и 130 баратели на заил дневно престојуваат во Црна Гора, велат од УНХЦР -ЕПА.  Во Црнa Гора од почетoкот на оваа година 1.380 лица побарале азил Што е неспоредливо многу повеќе од претходната година, изјавил портпаролот на УНХЦР- Менсур Бајрам Спахиќ.

Според него од 2006. година кога почна примената на законот за азил бројот на братали на азил достигна близу 13.000. Бајрамспахиќ, напоменува дека повеќето братели на Црна Гора ја гледаат како транзитна точка преку која ке се дофатат до земјите на Западна Европа.

Во просек тие остануваат само неколку дена ,а потоа продолжуваат понатаму кон Европа. Меѓутим, според неговите зборови, помал број бегалци одлучи да остане во земјата, затоа што Црна Гора ја сметаат за сигурна земја.

“Тие лица се сместуваат во во Центарот за азил, кој е под надлежност на полицијата . Сместува;киот капацитет цо центарот е за 80 лица “, изјавил портпаролот Бајрамспахиќ.

Најмногу мигранти доагаат по нововоспоставената рута преку Албанија, па Црногорската влада размислува да стави жичена ограда долж границата со соседната земја.