ХАОТИЧНО НА САМИОТОТ Г-7:Трамп ја повлече согласноста и ја обвини Канада дека е нечесна

783

На пат кон средбата со Ким Џонг-Ун во Сингапур, Трамп на Твитер напиша дека им наложил на американските службеници да не го одобруваат коминикето поради тарифите за автомобили.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече согласноста за заедничкото соопштение издадено на крајот на самитот Г7, обвинувајќи ја Канада дека е нечесна. Тој кажа дека другите земји воведуваат големи царини за САД.

Заедничкото соопштение, кое се залага за трговски систем базиран на правила, сепак беше постигнато и покрај тензиите околу американските тарифи за увоз на челик и алуминиум

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека сите земји членки на групата Г-7 го потпишале заедничкото соопштение, без оглед на тензиите со САД околу тарифите за челик и алуминиум.
Претходно францускиот претседател Емануел Макроон истакна дека заедничкото соопштение е само прв чекор во обидот да се “стабилизираат работите”.

Неименувани извори од кабинетот на Макрон посочиле дека САД не се сложувале со гледиштата на другите земји, особено во однос на прашањата за екологија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо кажа дека од први јули ќе воведат реципрочни тарифи. Зборувајќи на прес-конференцијата тој кажа дека е навредлива одлуката на Трамп да се повикува на загриженост за национална сигурност за да ги оправда тарифите за челик и алуминиум.
“Со жалење, но апсолутно, јасно и цврсто ќе продолжиме со одмазднички мерки на први јули. Канаѓаните се љубезни и разумни, но нема да дозволиме да не потценуваат”, рече Трудо.

Неговите зборови не содржеа ништо што тој претходно не го кажа, како јавно, така и во приватниот разговор со Трамп, кажа подоцна неговиот кабинет.

ЕУ кажа дека ќе застане зад заедничкото комунике и покрај одлуката на Трамп.
“Ние стоиме зад определбите кои ги содржи комуникето на Г”, кажа висок британски владин извор.
Германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите изјави дека верува дека ќе биде постигнат договор за заеднички став за трговија, иако остануваат одредени несогласувања.

Елисејската палата претходно соопшти, дека се во текот преговорите на самитот Г7 за постигнување договор за заедничка изјава на крајот на средбата, особено за компромисна формулација за трговија, со цел да ги задоволи сите страни.
На пат кон средбата со Ким Џонг-Ун во Сингапур, Трамп на Твитер напиша дека им наложил на американските службеници да не го одобруваат комуникето поради тарифите за автомобили.

Тој кажа дека оваа одлука ја донел по “лажната изјава на Трудо на неговата прес-конференција и поради фактот дека Канада им наплаќа високи царини на американските фармери, работници и компании”
Тој сугерираше дека Трудо е “многу понизен и слаб”.