Општина Аеродром пред ТЦ Капитол Мол го промовираше проектот “Заедно до поголема сигурност” за превенција од имотни деликти и кражби во летниот период, кој се организира во соработка со полициската станица “Аеродром”, СВР Скопје и Капитол Мол. Целта на проектот е да се информираат граѓаните како да се заштитат од кражби, со што ќе се подобри безбедносната состојба на територијата на Општината и Град Скопје.
– Во рамките на проектот пред ТЦ Капитол Мол е поставен информативен пункт на кој полициски службеници ќе делат совети и ќе одговараат прашања од граѓаните. Оттука ќе се дели пропаганден материјал и препораки за спречување кражби во станови, куќи и возила. Преку едукацијата на граѓаните се подигнува свеста за преземање соодветни мерки за самозаштита од провални кражби. На овој начин се зголемуваат безбедносните мерки и безбедносната култура и се интензивира соработката меѓу граѓаните и полицијата – информираат од општина Аеродром.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)

















