Пилот херојски загинал додека го спуштал авионот со расипан мотор подалеку од населба

712

На интернет се појави драматично видео на кое може да се види како пилотот го насочува авионот далеку од населеното место, спасувајќи десетици животи, пред самиот да го загуби животот.

Лидерот на ескадрилата, Наруепол Луедакусол вршел обука на пилот на воениот авион “L-39 Albatros” на северот на Тајланд.

За негова несреќа, во еден момент откажал моторот на авионот, а откако Наруепол се обидел повторно да го стартува, упатил повик за помош и се подготвувал за слетување. Пилотот на тајландското воено воздухопловство намерно го упатил авионот подалеку од населеното место и автопатот, директно кон густата шума.

Иако успеа да спаси многу животи така што не се сруши врз куќите во околината или автомобилите на автопатот, тој го загуби животот затоа што имало дефект на катапултот. Вториот пилот, Танават Кункунтод кој го преживеал падот, за тамошните медиуми открива дека пилотот Наруепол се обидувал да го оддалечи авионот од населеното место и автопатот.