Бокс корнер со Димитар Младеновски-Taјсон се врати во рингот на 54 години!

742

Мајк Тајсон, по цели 15 години пауза, повторно се врати во рингот. Во егзибициски меч во “Стејплс центар“ во Лос Анџелес, 54-годишнниот Тајсон и 51-годишниот Рој Џонс Јуниор боксуваа осум рунди од по две минути. На крајот борбата заврши без победник со одлука на жирито.Тајсон веднаш по борбата бараше реванш, затоа што како што рече, мора да има победник меѓу нив двајцата. Беше видливо по завршувањето на судирот колку беше присутна возбудата кај “челичниот” дека повторно стапна во рингот. Еден од најголемите боксери на сите времиња беше лут (најмногу на себеси) затоа што не ја заврши борбата како што посакуваше. Удираше и по звукот на гонгот кој означува крај на рундата, исто онака како што правеше и во текот на кариерата. Очигледно беше силно мотивиран пред секоја рунда, но по 30-ина секунди се забележуваше замор кај него. Брутални удари овој пат изостанаа, а љубителите на боксот видоа само кратка размена во петтата рунда. На крајот од секоја рунда Тајсон делуваше разочарано не сакајќи да оди во аголот. Според него, две минути за рунда се премалку, иако ја нема моќта и силата од своите најдобри денови. Во последната рунда даде се од себе, покажа повеќе желба, но и двајцата едвај дишеа во рингот.Тензиите брзо престанаа а мечот заврши нерешено, што е најреален исход, иако Тајсон остави многу подобар впечаток упатувајќи двојно повеќе удари кон противникот Џонс.

Димитар Младеновски