Време е за забава и опуштање после долгиот напорен ден – Кафеана „Лантерн“ и денес ве кани на after work забава

919

Забавата продолжува и овој четврток! Вашата омилена кафеана, „Лантерн“ и за денес ви подготви интересна музичка програма и after work забава на која што присутството е задолжително.

Веднаш откако ќе завршите со работните обврски, прекрасниот и релаксирачки амбиент на кафеана „Лантерн“ ве очекува на ручек, а откако ќе земете здив од напорниот ден и ќе се опуштите со вкусна храна, можете слободно да се препуштите на забава со звуците на составот „Ѓезме“ кои стартуваат со музика од 16 часот и 30 минути.

За овој четврток да биде комплетен, веднаш после „Ѓезме“ следува и настапот на добро познатиот Јоцо Бамбус за кој што веќе добро е познато дека ги прави најдобрите забави во градот.

Но тоа не е се! Веќе утревечер, кафеана „Лантерн“ ќе го угости кралот на народната музика, маестралниот Миле Кузмановски кој после долга пауза повторно настапува во главната метропола.

Резервациите можете да ги направите на телефонските броеви : 071 361 751 и 071 295 311. Се што треба да понесете со вас е добра насмевка и расположение, останатото препуштете им го на тимот на „Лантерн“. Ве очекуваме…