Се чувствувате постојано поспано и уморно, без енергија? Веројатно ви недостасуваат одредени витамини и минерали кои ќе ви ја вратат енергијата и позитивното расположение.
Спанаќ
Како Попај морнарот, така и за секој од нас спанаќот дава неверојатна енергија. Овој зеленчук задоволува 200 пати повеќе од дневната потреба за витамин К, кој го чува здравјето на коските. Богат е и со железо, па се препорачува за оние кои имаат недостаток од железо или се анемични.
Банана
Вкусната банана е секогаш добар избор. Богата е со калиум кој го победува заморот и ја подобрува концентрацијата. Освен тоа е и одличен извор на витамини Б6 кој е важен за правилна работа на имунитетот и мозокот, како и прехранбените влакна кои го чуваат варењето.
Цвекло
Нутриционистите често го препорачуваат овој зеленчук. Богат со со многу железо, фолна киселина и б витамин. Се препорачува да се комбинира со цитрусно овошје како лимон и портокал за да се подобри меѓусебната апсорпција на хранливи материи.
Путер од бадеми
Одличен за појадок или како додаток во смуди. Богат е со добри маснотии и дури и подобар избор од путерот од кикирики бидејќи има повеќе витамин Е, калциум и железо. Поради високиот процент на протеини и влакна, добар сојузник е за градењето мускули.
Цимет
За некои неочекувана состојка на оваа листа, но тој е одличен додаток за многу јадења. Циметот го регулира крвниот притисок, го штити имунитетот и го намалува лошиот холестерол.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












