NBA-Бруклин со 9-та победа по ред (ВИДЕО)

294

Најинтересното од синоќешните натпревари.

Кливленд го пречека Бруклин. “Нетси” беа предводени од своте ѕвездено дуо, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг кој постигнаа по 32 поени и беа најзаслужни за победата од 125:117. На спротивната страна, Дариус Гарленд имаше своја поентерска претстава постигнувајќи 46 поени но, остатокот од тимот не придонесе на исти начин.
Со новата победа, која е девета по ред “мрежичките” го прескокнаа синоќешниот противник и сега се наоѓаат на третата позиција во Истокот.

Њу Орлеанс продолжува да се бори за првата позиција во Западот.
Синоќа “Пеликаните” без помошта на своите двајца најдобри играчи (Зион Вилијамсон и Брендон Инграм) извојуваа убедлива победа над Индијана Пејсерс со 113:93.
Литванскиот репрезентативец, Јонас Валанчиунас беше водечки со “дабл-дабл” од 20 поени и 12 скокови.

Најнеизвесниот натпревар од синоќешната програма се одигра во Детроит каде “Пистонси” го пречекаа Лос Анџелес Клиперс.
По регуларните 48 минути игра резултатот беше израмнет а во продолжението поуспешни беа гостите од Калифорнија и славае со 142:131.
Седум играчи на “Клиперси” имаа двоцифрен број на поени а водечки беше Пол Џорџ со 32 поени.

NBA FAN
Димитар Младеновски