Возач со автомобилот удри во демонстранти во Сиетл и отвори оган

651

Маж во автомобил се залетал меѓу демонстрантите во Сиетл во неделата вечерта, потоа пукал и ранил демонстрант кој се обидел да го извлече од возилото откако бил принуден да застане, пренесува весникот The Seattle Times.

Полицијата соопшти дека пожарикарите го однеле ранетиот демонстрант во болница, како и дека тој се наоѓа во стабилна состојба. Никој друг не е повреден, според полицијата.

На снимките емитувани на локалните телевизии се гледа како осомничениот откако неговиот автомобил е запрен со препрека од демонстрантите, го напушта возилото и оти демонстрантите го опколуваат. Мавта со пиштол, трча низ толпата и ѝ се предава на полицијата.

Во полицискиот оддел на Сиетл потврдиле дека осомничениот е притворен. Други поединости не се изнесуваат.

Овој инцидент се случи во текот на релативно мирниот викенд кој повторно мина одбележан со масовни протести поради убиството при полициско приведување на афроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај во Минеаполис.