Дедо Јован живеел 130 години: Се женел пет пати, а овие навики ги имал до последниот ден

134

Српскиот Ага, како што мештаните го нарекувале Дедо Јован од куршумлиското село Богујевац, останал витален и кога наголемо ја преминал својата стота година.

Јован Ивич од куршумлиското село Богујевац, со прекар Српски Ага, живеел 130 години.

Неговиот внук Лука сведочи за необичноста на неговиот долговечен пат.

Јован, во својот долг век имал дури пет жени, кои ги погребал една покрај друга. Жените на Дедо Јован биле Стојанка, Станка, Стамена, Смилијана и Стана. Името на секоја од нив, почнувало со буквата С.

“Кога одам на гробишта, му палам свеќа и нему, и неговите поранешни жени. Дедо последен почина, тој ги погреба своите жени. Точно кога наполни 100 години, му израснаа нови заби, а после некое време му израснаа и умници”, открил неговиот внук Лука.

Вели дека српскиот Ага, дедо Јован, јадел исклучиво домашна храна, произведена од сопствените раце.

“Не постоеше купатило, но дедо најмногу сакаше навечер да се истушира, а наутро обавезно пиеше по чашка ракија”, раскажа Лука.
Иако на селските гробишта на неговата спомен-плоча е заведено дека живеел 126 години, изводот од матичните книги на родени докажува дека Јован поживеал 130 години.