Доцна синоќа Марка објави дека Реал Мадрид и Еден Азар се договориле за трансфер во летниот преоден рок со што ќе се исполни сонот на белгискиот репрезентгативец.
Како доказ за тоа шпанскиот дневен спортски весник денеска напиша дека Азар веќе почнал да бара куќа во Мадрид. Во тоа му помага неговиот агент и блиски пријатели кои последните се растрчани низ престолнината на Шпанија.
Инаку, трансферот на Азар во Реал се очекува да изнесува околу 130 милиони евра, а се чека само крајот на сезоната за се да биде официјализирано.