Американскиот пратеник за Венецуела не знае да објасни како Гуаидо станал претседател: Толку се исплеткал и се избламирал, новинарите му се смееле

110

Специјалниот избраник на Вашингтон за Венецуела, Елиот Абрамс, се обидел на медиумите да им ја објасни процедурата според која опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се прогласил за претседател на таа јужноамериканска држава.

“Дали можете да ни објасните по кој член господинот Гуаидо се прогласил за претседател, затоа што е кажано дека тој привремен период истече? Можете ли тоа да ни го објасните?”, го прашал еден новинар Абрамс.

“Според Уставот на Венецуела, Народното собрание донело резолуција според која привремениот период за претседавање со државата нема да почне или да заврши додека Николас Мадуро не ја напушти својата функција. Така што периодот од 30 дена не почнува денес, туку по Мадуро. А тоа го направија пред околу еден месец”, одговорил Абрамс.

Во тој момент, се вмешал друг новинар кој рекол: “Тоа би било исто како јас да сум добил претседателски мандат на 4 години и по две години вие да дојдете и да ги промените правилата, така што мојот мандат уште не почнал. Како е тоа можно?”.

“Но, вие не се прашувате ништо бидејќи не сте во Народното собрание”, рекол Абрамс смеејќи се.

“Не сте ни Вие”, одговорил новинарот.

На прашањето дали САД сметаат дека тоа е според Уставот, Абрамс одговорил потврдно.

“Собранието е единствена демократска институција во Венецуела, а според нивниот Устав, овој мандат на Мадуро е празен, но исто така рекле и дека привремениот период од 30 дена почнува кога Мадуро ќе замине”, додал тој.

“Значи, Гуаидо е привремен претседател на нешто што уште не започнало”, прашале новинарите.

“Проблемот е во тоа, што тој не е на власт. Мадуро е уште тука. Јас мислам дека ова е логично”, рекол Абрамс.

“Што значи дека Гваидо не е привремен претседател?”.

“Претседател е, но не може да ги спроведе своите овластувања на дело бидејќи Мадуро и натаму е тука”, истакнал Абрамс без да им одговори на репортерите на кои не им биле јасни неговите објаснувања.

loading...