Голден Стејт Вориорс се враќа во големото финале.
Рано сабајлево победувајќи со 120:110 го елиминира Далас Маверикс (со 4:1) и се пласира во финалната серија каде го очекуваат подобриот од дуелот помеѓу Бостон Селтикс и Мајами Хит.
“Воините” диктираа темпо од самиот старт на натпреварот и крајниот епилог воопшто не беше доведен во прашање. Најпрецизен кај домаќините беше Клеј Томсон со 32 постигнати поени, следен од Ендрју Вигинс со 18 и Дрејмонд Грин со 17 поени.
Со овој триумф, тимот од Калифорнија ќе игра во големото финале по шести пат во последните осум години.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















