Челзи доведува француски тандем

577

Челзи започнува со промени.

Откако се поизвесно е заминувањето на Антонио Рудигер и Андрес Кристенсен, почнаа информации околу играчите кој би ги замениле. Дефанзивецот на Севиља, Жул Кунде и играчот од средниот ред на Лајпциг, Кристофер Н’Кунку се првиот таргет на новата управа на тимот од Лондон.

Челзи уште лани проба да го доведе Кунде во своите редови но, неуспешно. Управата на Севиља сериозно се спортивстави и успеа да го задржи за ланската сезона. Кога станува збор за Н’Кунку, се чини дека ситуацијата е појасна. Тимот од Лајпциг и менаџерот на најдобриот играч во германското првенство оваа сезона речиси ги договориле условите.

Двоецот француски репрезентативци би требало да пристигне на “Стемфорд бриџ” во текот на летниот преоден рок.