Јанко: Син ми за 2 месеци изоде 1000 километри – го излажаа и него и мене дека ќе го распоредат според струката

2324

Јанко Илковски: „Еден од синовите, (информатичар) се вработи во ланец маркети … и покрај дипломата го ставија во магацин.

Ветија дека им треба стручен кадар (излажаа) и дека набргу ќе го преместат на друго место според струката.

За два месеца, или 26 работни дена месечно, за 52 дена, помина, (испешачи) верувале или не преку 1000 километри и без да се пресмета количината на физичка работа – истовар, утовар, тешка физичка работа.

ИЛЈАДА КИЛОМЕТРИ 1000 километри!!! Не ми се веруваше!!!!

Лично го видов на неговата апликација на мобилниот. Ниеднаш не се пожали, сам проверив, се расолзив …. секоја чест, синко, не те жалам ниту сожалувам, само ми е криво што не можев да ти помогнам.

Ниеднаш не се пожали, не зема слободен ден, работеше и сабота и недела, ни да писне. Само кога ќе дојдеше, ќе седнеше да јаде и ќе испиеше 4 литри вода за време на оброкот. Ќе легнеше и не стануваше до наредниот ден. 20-24 км на ден!!!

За жал, за тие два месеца, не само што не го погледнаа или прашаа или посочија нешто од неговата струка како дипломиран информатичар да работи, едноставно го оставија на работно место каде ниеден негов колега не остана повеќе од 20-30 дена. Он издржа 2 месеци!

1000 километри само поминати рути, 20 км на ден, без да може некој да измери колку камиони, палети, шлепери се истоварени, утоварени, пренсени, разнесени.

Едино ме боли што викаа, никако со негова струка не смее да биде таму, за пар недели ќе го ставиме на рабоита оти ни треба стручен кадар. Го излажаа и него и мене … нејсе.

Сепак, благодарен е за фер платено спред договорот, но одлучи дека повеќе не може физички да издржи (20-24 км на ден, преку 4000 калории потрошени на ден и без пресметка за физичката работа со раце, кревање, носење истоварање. и јас им благодарам, затоа што тоа што го потпиша – го остварија, ветувањата сепак беа неформални и нема лутиш.

Пишанкава е за тоа дека е вреден, дека се гордеам со него оти јас на негови години ми се случи истото и знам колку е тешко, буквално!

Од денес е на ново работно место, искрено сакаше да биде таму одмана но заради короната договорот мораше да биде раскинат.

Со лесно, синко! Подобар човек си од мене, одошто јас на твои години, и прости што не знаев подобро или што немав повеќе, што не сум како моите колеги рекетар, лажго, ќе имаше полагоден живот како на таквите во општествово.

Христијани сме, затоа се мач име. Фала Ти Господи за оваа борба, каков што сум заслужувам многу полошо. Знам дека се ова е за мое добро и мое спасение. Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.“