Не се шишал и не ја перел косата 80 години: Верувам дека ќе умрам ако ја променам

427

92-годишниот Нгујен Ван Чиен од Виетнам е горд сопственик на коса долга пет метри која не ја шишал, перел или чешлал цели 80 години, пренесува „Гардијан“.

„Верувам дека ќе умрам ако ја скратам косата. Не се осудувам да ја менувам, ниту пак да ја чешлам“, вели Чиен кој верува во религија која пропишува дека човекот на себе не треба да менува ништо од своето раѓање.

„Својата коса ја одржувам, носам турбан на главата за косата да ми биде сува и чиста и да изгледа убаво“, изјави Чиен.

Последен пат се шишал кога бил трето одделение во основно училиште, по што потоа одбива да пресече и милиметар од својата коса.

„Се сеќавам дека мојата коса беше црна, густа и силна. Ја чешлав, но кога го слушнав боженствениот глас, веднаш знаев дека сум избраниот“, вели Чиен.

Чиен ја практикува религијата позната како „Дуа“, таканаречена религија на кокос која називот го добила по основачот кој тврдел дека конзумирал само кокос и така ја задржал животната виталност. „Дуа“ во Виетнам е забранета и се смета за лажна религија.