9 производи кои не сте знаеле дека погрешно ги миете цел живот

406

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се мијат пред да ги излупиме или исечкаме во вид на салата, но кој би рекол дека тетрапак пакувањата и лименките треба добро да ги исплакнете пред употреба?

Има 9 производи кои сигурно и вие сте ги миеле погрешно, или воопшто не сте го правеле тоа:

Замрзнат зеленчук


Третирајте го исто како и свежиот зеленчук, што значи добро измијте го пред да го готвите.

 

Ориз


Сите типови на ориз мора да се поминат преку 3 до 4 води пред да ги зготвите. Исто важи и за останатите житарки кои содржат скроб.

 

Школки и остриги


Секоја морска храна мора да биде темелно измиена, дури и да е замрзната. Не ви требаат „зачини“ како остатоци од песок или алги.

 

Млечни течности


Тетрапак пакувањата со млечни производи задолжително треба да ги исплакнете пред да ги отворите. Млеката и јогуртите поминуваат низ многу раце додека да стигнат на полиците во супермаркетот, па за да ги намалите шансите бактериите да се прошират, задолжително исплакнете ги со силен млаз вода.

 

Риба


Поточно, секоја површина до која ќе го допрете филетот риба. Дури и да купувате исчистена и исечена риба на парчиња, задолжително треба да ја исплакнете, а потоа даската и ножот темелно да ги исчистите.

 

Зелка


Прво мора да ги извадите најгорните 2-3 слоја листови, со оглед на тоа што може да имаат земја помеѓу нив. Зелката и зеленчуци кои имаат слоеви листови најдобро е да ги потопите во млака вода со неколку лажички оцет. Потоа темелно да ги исплакнете.

 

Пијалаци во лименки


Пред да ја допрете лименката до устата, задолжително мора да ја измиете темелно. Исто како и кај тетрапак пакувањата, така и лименките поминуваат низ многу раце и долг транспорт пред вие да ги купите.

 

Лиснати зеленчуци


Марулата, спанаќот, руколата и другите листати салати мора да ги миете лист по лист. Одвојте ги, потопете ги во длабок сад полн со вода, па исцедете ги на чиста крпа која ќе ја впие влагата. Потоа може да правите салата.

 

Јаболка


Не е доволно да ги проплакнете со вода. Подобро е да ги оставите во сад со вода и 1 лажичка сода бикарбона околу 12 минути, за сите пестициди да може да се исчистат. Потоа се безбедни за консумирање.