Внуката на Бенито Мусолини го нападна глумецот Џим Кери поради карикатурата за нејзиниот дедо

970

Внуката на Бенито Мусолини, италијанската политичарка Алесандра Мусолини го нападна Џим Кери на Твитер откако споделил карикатура на која нејзиниот дедо е обесен со својата љубовница Кларета Петачи.

Кери ја објавил карикатурата во саботата со коментарот “Ако се прашувате каде води фашизмот, само прашајте ги Бенито Мусолини и неговата љубовница Кларета”.

“Ти си копиле”, му порача Мусолини откако дознала за неговата објава.

Мусолини и Петачи биле погубени на 28 април 1945 година откако ги уловиле антифашистичките борци. После поразот на фашистичките сили, Мусолини со љубовницата тргнал за Швајцарија од каде сакале да се упатат за Шпанија. Откако биле убиени, комунистите нивните тела ги обесиле наопаку во Милан и му дозволиле на народот да се изживува со нив.