Ужас во Хрватска: Татко фрлил четири малолетни деца низ прозор, најмладото има 3, најстарото 8 години

1141

Утрово во 6:47 часот полицијата добила дојава дека маж на возраст од 54 години во Паг на улица Јосип Бана Јелачич, од висина од шест метри ги фрлил своите четири деца на возраст од 3,5,7 и 8 години, од првиот кат на семејната куќа.

“Полицијата доби сознанија дека маж во Паг од првиот кат на куќата ги фрлил своите четири малолетни деца. На местото на настанот има полициски службеници, како и работници од Итна помош, кои ги згрижиле децата”, соопштиле од полицијата.

Според првите сознанија на полицијата, по нивното доаѓање на местото на настанот биле при свест.

Децата потоа со возило на Итната помош биле пренесени во Општата болница во Задар на понатамошно лекување.

“Две деца се потешко повредени”, рекол за N1 Жељко Чулина, директор на болницата.

“Во 11 часот ќе објавиме во каква здравствена состојба се, тогаш ќе имаме информации по прегледите”, рекол Чулина.

Како што наведува “Radio Zadar”, станува збор за проблематично семејство кое се доселило во Паг.

Мажот се наоѓа во службените простории на полицијата.

“Сите околности и факти кои претходеле на наведениот настан се утврдуваат, а полицијата ќе преземе казненоправна заштита за децата”, соопштиле од полицијата.