Нешто чудно се случува на Антарктикот: Радарите откриле мистериозна жешка точка во длабочината на земјата која има уништувачка моќ

819

Научниците откриле дека подрачјето на Јужниот пол, се повеќе и повеќе се топи. Веруваат дека за тоа е одговорна неидентификувана жешка точка на која се наоѓаат радиоактивни карпи и врела вода.

Тимот научници од Британскиот институт за Антарктик проучувал Антарктички глечер на Јужниот пол, кога открил жешка точка која предизвикува масовно одвојување на огромните санти мраз.

Точката е три пати поголема од Лондон, а се наоѓа под Бедрок – матичната консолидирана карпа која се наоѓа под површината на Земјата. Научниците користеле радар за да ја премерат дебелината на мразот и откриле големи басени во длабочина, кога пронашле една прилично необична врела точка на која има карпи и вода. Оваа врела точка влијае на топењето на мразот на подрачје со должина од 100 километри и ширина од 51 километар, што може да се види на приложената фотографија.

Сепак, научниците велат дека не треба да се грижиме, бидејќи оваа врела зона не може да влијае на исчезнувањето на ледениот континент во блиска иднина. Се верува дека причината за топење е комбинацијата од радиоактивната карпа и топлата вода која доаѓа од бедрок, длабоко под земјата.

“Ова навистина е возбудлив проект, истражувањето на последниот дел од планетата за кој не знаеме доволно. Нашите резултати беа до некаде неочекувани”, рекол главниот автор на истражувањето, др. Том Џордан од Британскиот институт за Антарктик.

“Ние покажавме дека дури и внатрешноста на древниот континент, слоевите под површината на земјата имаат влијание на мразот”, додал научникот. Засега не е познато колку долго оваа врела точка се наоѓа под глечерот. Истражувачите сметаат дека е таму присутна илјадници години, можеби дури и милиони, со тоа што надворешното окружување има изразено влијание над неа.

Со глобалните температури кои продолжуваат да растат, Антарктичкиот мраз би можел да стане подложен на се поголемо топлење.

“Во иднина тој вишок вода во глечерите ќе го прави овој регион чувствителен на надворешни фактори, како што се климатските промени”, вели Џордан.

Се смета дека топлина генерираат радиоактивни карпи во горната кора на земјата, како и геотермалната загреана вода која доаѓа од длабоко под земјата.