Силно невреме го погоди главниот град на Босна и Херцеговина вчера во попладневните часови.
Некои улици во Сараево се поплавени, а интензивните врнежи беа проследени со силни грмежи.
Нешто пред 19 часот во Сараево почна големо невреме, кое значително им го отежна движењето на пешаците, но и на автомобилите. Силниот дожд и грмежите траеја повеќе од 20 минути.
Некои од градските улици се поплавени, а во еден момент, како што јавува порталот „Кликс“, почнал да паѓа и град.
IDEMOOOO VESELOOOO UZ LED OPAAAAA #sarajevo pic.twitter.com/unoCA0y4I5
— Betonsko Dete 👁🗨 (@darkcajld) May 27, 2021