Симптомите на настинка се следниве: болки во грлото и течење на нос. Потоа, доаѓа до затнување на носот и послаба кашлица. Покачената температура обично изостанува или малку е покачена во првите денови кај возрасните, додека кај децата е почеста.
Не се одмарате доволно
Спиењето помага имунитетот да работи како што треба. Кога ќе настинете, ви треба повеќе спиење и одмор, за да може вашето тело да се бори против вируси и да ви помогне да се излечите. Првите три дена, од почетокот на првите симптоми, повеќе одмарајте.
Освен тоа, дури и кога сте здрави, ако сте ненаспиени и уморни, полесно ќе настинете затоа што вашиот имунитет е слаб и вашето тело е повеќе подложно на болести.

Според една студија, луѓето кои спијат помалку од 7 часа се речиси три пати повеќе склони кон болести отколку оние кои спијат осум или повеќе часа.
Не пиете доволно течности
Кога човек ќе се разболи, станува лесно дехидриран, а болното грло може да направи да пиете помалку вода од вообичаеното. Исто така, покачената температура ја забрзува потрошувачката на влага од телото, како и зголемено создавање на слуз.
Затоа, кога сте настинати, но и кога не сте – внесувајте доволно течности, без разлика дали тоа е вода, чај или супа. Воздржете се од кофеин и алкохол затоа што извлекуваат повеќе течност од телото отколку што останува откако ќе ги испиете.
Под стрес сте
Стресот многу лошо влијае на имунолошкиот систем и вашето тело не може да се бори против вирусите како што треба. Кога сте под голем стрес, полесно ќе се разболите, и ако веќе сте болни, ќе закрепнете побавно и симптомите ќе бидат полоши.
Тоа всушност не е настинка

Лесно е да се збуните и да да ја помешате настинката со други болести. На пример, ви се чини дека е настинка, имате одредени симптоми, но таа не поминува, бидејќи всушност вие сте алергични на нешто.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










