Сини и зелени кучиња забележани во Русија: Народот во неверување, а експертите нудат објаснување

538

Животните престојувале во напуштена фабрика за производство на плексиглас.

Кучиња скитници, чие крзно е со сина и зелена боја, откриени биле недалеку од затворена фабрика во рускиот град Дзержинск.

Постои сомнеж дека животните биле изложени на штетни хемикалии кои што довеле до драстична промена, пренесуваат светските медиуми.

Контакт со отпадни материи

Фабриката во Дзержинск, оддалечена 370 километри од Москва се занимавало со производство на плексиглас, но во 2015 година прогласила банкрот.

Експертите наведуваат дека кучињата веројатно дошле во контакт со опасните материи, како што се хидроцијанидски киселини и бакар сулфат.

Претставници на локалните власти ги сместиле кучињата во ветерански установи. Анализите и третманите ги правеле во близина на Нижни Новгород, пренесува „Futurism“.

Инаку, животните се во добра состојба, а според неофицијалните информации веќе пронашле свои нови сопственици.