Венецуелската влада го блокирала мостот на границата со Колумбија за да спречи влез на хуманитарната помош која ја организирале опозициските лидери, додека се обидуваат да го тргнат Николас Мадуро од власт.
Откако во средата напладне една цистерна, два транспортни контејнери и помошни огради го блокирале меѓународниот друмски мост Тјендитас, во близина на колумбискиот град Кукута, американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео, ја повикал владата на Мадуро да ја укине.
Лидерот на венецуелската полиција, Хуан Гваидо, кој на крајот на јануари се прогласил за привремен претседател, ја побарал хуманитарната помош, која Мадуро ја одбива, тврдејќи дека станува збор за меѓународна интервенција, со коментар дека Венецуела не “земја на просјаци”.
Гваидо вчера го обвинил раководството дека ја одбива помошта само поради тоа што службениците дела увозни намирници и лекови во замена за мито. Во говорот пред земјоделците ја опишал блокадата како апсурдна реакција на владата која не работи во интерес на доброто на народот на Венецуела.
Тој исто така рекол дека спорот околу испораката на хуманитарната помош е испит за вооружените сили, кои треба да одлучат дали ќе дозволат потребната помош да влезе во земјата, или ќе постапуваат по наредба.
“Уште еднаш, директна наредба до вооружените сили: Дозволете неопходната хуманитарна помош да влезе за да ги згрижи вашите семејства, вашата сестра, мајка, сопруга, на кои им се потребни овие намирници, но и да ги згрижи оние кои се болни”, рекол Гваидо.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, побарал од Мадуро властите да ја деблокираат доставата на хуманитарна помош.
“На народот на Венецуела очајнички му е потребна хуманитарна помош. САД и другите земји се обидуваат да помогнат, но војската на Венецуела под наредба на Мадуро ја блокира помошта во камиони и танкери”, напишал Помпео на својот профил на Твитер.
Полицијата тврди дека запленила оружје
Во меѓувреме, Венецуела соопштила дека запленила голема количина на оружје од американско производство од авион кој полетал од Мајами неколку дена откако Доналд Трамп повторно се заканил дека ќе преземе воена акција против латиноамериканската држава.
Претставниците на Националната гарда на Венецуела и Националната интегрирана служба на Управата на царината, го заплениле оружјето на 3-ти февруари, во авион кој слетал на Меѓународниот аеродром “Артуро Маичелен” во Валенсија.
На официјалниот Твитер профил на венецуелската Управа за јавна безбедност биле објавени фотографии со оружје, вклучувајќи и 19 пушки, 118 рамки со муниција, муниција за малокалибарски пушки и 90 уреди за комуникација.
Властите во Венецуела отвориле истрага за да го идентификуваат потеклото на оружјето.
Откако Администрацијата на Трамп го поддржала самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, Мадуро ги обвинил САД за оркестрирање на државен удар.