Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски е на излезни врати од редовите на Спортинг Лисабон и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Според неколку медиуми од пиринејскиот полуостров, искусниот дефанзивец е на чекор до преселба во редовите на Ваљадолид. Членот на Примера цело лето е во потрага по квалитетно решение на десната бековска позиција, а во текот на вчерашниот ден добил понуда од агентот на нашиот репрезентативец.
Ристовски не е во добри односи со тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, па најверојатно португалскиот клуб ќе се обиде да го продаде до крајот на трансфер-периодот.
28-годишниот бек пред да се пресели во Португалија, својата играчка кариера ја градеше во Хрватска и Италија, па со оглед на своето големо искуство сигурно веднаш ќе се снајде и во начинот на игра во Шпанија.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















