Како што знаеме, Кристијан Ериксен (29) се сруши на терен во текот на натпреварот кој се одржуваше во саботата.
Прво за да му помогнат пристигнаа соиграчите и капитенот Симон Кјаер, а потоа буквално го „оживуваа“ докторите, па беше пренесен во болница.
Ериксен сега е во стабилна здравствена состојба, а по драмата која се одигра, тој за новинарите на италијански „Gazzette dello Sport“ дал изјава по пат на својот агент:
„Ви благодарам на сите. Нема да се откажам. Сега се чувствувам подобро, но сакам да сфатам што се случи. Сакам да им се заблагодарам на сите за сè што направија за мене“, изјавил данскиот фудбалер.

Неговиот случај го шокираше целиот свет, а многу од фудбалерите се сочувствуваа со него.
Холанѓанецот Блинд има воспалителна болест на срцето, па го прокоментирал случајот со Ериксен:
„Саботата многу влијаеше на мене. Покрај тоа, Ериксен ми е пријател и самиот имав проблеми со тоа, па тоа ми беше психичка препрека. Имав многу тешкотии, но сепак го одиграв натпреварот, а не спиев баш најдобро тој ден поради цела таа ситуација“, изјавил Блинд.

Ситуацијата ја прокоментирал и Жозе Мурињо:
„Способноста на докторите и специјалистите го спасија и верувам дека и Бог гледал фудбал. Плачев и се молев, а фудбалот нè спои покажувајќи ги добрите вредности како што се љубовта и солидарноста“, изјавил новиот тренер на Рома.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











