Таа едноставно го поседува можеби најдобриот глас на денешницата. Многу е богата, пее од мала, има непроценлица музика кариера, безброј хитови број еден, полица полна со „Греми“ и е внесена во Домот на славните текстописци.
Но, многу малку се знаеше за приватен живот на дивата Мараја Кери – до сега.
Во својата книга мемоари, The Meaning of Mariah Carey, поп-ѕездата зборува за растењето во сиромаштија во насилно домаќинство, за своите искуства со расизам, за својата музика, браковите и многу повеќе.

Напишана во соработка со писателката Михаела Ангела Дејвис, книгата ја повлекува завесата на впечатлива приказна за сиромаштија и богатство и го деконструира имиџот на sвезда како самозаблудена дива.
„Кога имав 12 години сестра ми ме дрогираше со валиум, ми нудеше кокаин, ми нанесуваше изгореници по телото и сакаше да ме продаде на макро“, пишува Кери.
Кери во книгата открива дека била жртва на семејно насилство кога била многу мала. Потоа, како дете на црн татко и бела мајка, таа во училиште се соочувала со расизам.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















