Кошаркарите на Торонто Репторс синоќа го совладаа Голден Стејт Вориорс во „Оракл Арена“ со резултат 123:109 и поведоа со 2:1 во финалната серија од НБА лигата.
За секој нереален шут кој Стеф Кари го погоди, Каваи Ленард и Дени Грин имаа подготвен одговор.
Торонто Репотрс знаеше дека пред себе имаат тешка мисија, но сепак ги победија и поведоа во серијата.
Малкумина веруваа во вакво сценарио, пред почеток на сезоната никој не веруваше дека Торонто ќе дојде до финале, па дури и дека ќе води против Голден Стејт.
Сите стартери на Торонто беа двоцифрени на оваа средба, Ленард постигна 30, Лаури 23, Сиакам 18, колку што имаше иДени Грин. Кај поразената страна, Стеф Кари имаше нестварни 47 поени, со 8 скокви и 7 асистенции.
Натпреварот број 4 е на програмата ноќта помеѓу петок и сабота, каде Вориорси ќе бараат сламка на спасот, а Торонто во случај на евентуална победа, ќе биде на чекор од сензационална титула.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



