Играше без замена: Еден вардарец мина речиси два часа на терен во Келн

780

Еден ракометар на Вардар го има рекордот на Ф4 турнирот во Келн. Тој од можни два часа на терен беше 1 час 57 минути и 48 секунди.

Не е никакво изненадување дека тоа е Тимур Дибиров, кој вообичаено игра без замена. Тој одигра 58 минути и 40 секунди во полуфиналето, а потоа во финалето имаше и поголема минутажа. Тогаш одигра 59 минути и 8 секунди со што немаше конкуренција.

Нема вистинска конкуренција ниту на целиот турнир каде никој не беше ни близу до него бидејќи во другите тимови немаше ракометари кои имаа минутажа поголема од 45 минути на натпревар.