ВИДЕО: Лидс го победи Свонси – Алиоски со двојна асистенција

842

Синоќа се играше ново коло од англиската лига Чемпионшип.

Лидс Јунајтед во кој настапува нашиот Езџан Алиоски успеа да победи на „Иланд Роуд“ со 2:1 против лебедите од Велс.

Интересно што на двата гола кои ги постигнаа Јансон во 20. минута и Харисон во 34. минута, асистент беше „машинката“ Алиоски.

По победата, Лидс Јунајтед е повторно на врвот од табелата и на добар пат да се вратат во Премиерлигата.