Деновиве составот “ДУПЕР” го промовираа деби синглот кој го носи името ” Не сум твој тип”. Станува збор за брза и динамична тема која е авторско дело на самиот бенд, а истиот го сочинуваат тројца млади музичари – Борис на гитара и клавијатура, Илчо – вокал и бас гитара и единствената дама меѓу нив- Мартина која свири на тапани.

“Не сум твој тип” има и видео, а е снимено во режија на Томи Акимовски, додека, пак, зад снимањето, миксот и мастерингот на рефренот стои Ангел Ќосев од студиото “Подрумот”.
“ДУПЕР е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена, наскоро ќе ја изненадат јавноста со уште еден сингл, а паралелно работат и на деби албумот кој би требало да излезе кон средината на идната година.







![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)









![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



















