Дара Бубамара, познатата српска фолк пејачка, откако се разведе од сопругот со кој има едно дете, не зборува во јавноста за нејзиниот емотивен живот и љубовните врски.
Но, таа е доста активна на социјалните медиуми и често споделува фотографии од нејзиното секојдневие, па така не можеше а да не се пофали дека е на одмор на Малдивите.
44-годишната пејачка е на одмор на Малдивите, но, не е сама, туку со извесен Тони, кој имено е поранешно момче на водителката Душица Јаковљевиќ.
По фотографиите се гледа дека Дара и Тони се на идентично место и јасно е дека заедно се на годишен одмор, иако не објавуваат заеднички фотографии.
На една од сликите Тони е на скутер со пејачката, но и’ го „покри“ лицето.
Патем, Тони има 23 години, што значи дека тој е дури 21 година помлад од фолк пејачката.










