Библиски потоп во Америка по ударот на ураганот, 32 лица загинати: Најлошите поплави допрва доаѓаат, погледнете ги страшните сцени

382

Олујата Флоренс, иако ослабена, и натаму предизвикува огромна штета во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина додека се движи покрај американскиот источен брег, кон Вирџинија и Нова Англија.

Бројот на жртви пораснал на најмалку 32, од кои 25 загинале во Северна Каролина.

Метеоролозите истакнуваат дека поради историскиот раст на нивото на реките, најлошото допрва претстои и предупредуваат на големи поплави, свлечишта и излевање на реки во наредните неколку дена.

Во меѓувреме, Флоренс ослабела во циклон, кој сепак со себе носи обилни врнежи и силни ветрови, пренесува “AP”.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, рекол дека “историската олуја” е и натаму опасна, поради големиот раст на нивото на реките.

“Во некои подрачја допрва претстојат најлоши поплави. Ова е голема катастрофа за нашата сојузна држава”, рекол денес Купер на конференцијата за новинари.

Лоренс исфрла големи количини на дождови на делови од југоистокот н САД, додека бавно се движи кон средниот Атлантик.

Во некои делови на Северна Каролина паднало до метар и половина дожд, додека половина метар дожд било регистрирано во пошироката област.

Метеоролозите очекуваат дека ќе паднат дополнителни 5 до 12 цм дожд додека олујата се движи кон јужниот дел на Нова Англија во наредните денови.

Околу 1.200 патишта се непроодни, а повеќе од 500.000 домови и натаму се без електрична енергија.

Администраторот на Федералната агенција за вонредни ситуации, Брук Лонг, рекол за “Fox News” во неделата дека ова ќе биде долг, фрустрирачки настан за оние кои ги изгубиле своите домови или ќе бидат соочени со сериозна штета кога би можеле да се вратат.

Навел дека олујата ќе продолжи да произведува обилни дождови, загрозувајќи градови и населби на својот пат.

Еден од најтешко погодените градови во Северна Каролина бил Њу Берн, град на брегот на река во близина на океанот. Градоначалникот Дејна Аутло рекол дека во градот, погоден од три метарски бранови, има 4.200 оштетени куќи.

Ширум Северна Каролина, 14.000 луѓе се во засолништа, додека биле спасени околу 900 лица.

Белата куќа соопштила дека претседателот Доналд Трамп ќе го посети регионот погоден од поплавите во наредните денови, но дури кога ќе се увери дека неговото доаѓање нема да им попречува во работата на спасувачите.

loading...