Селена Гомез ги извадила облините во прв план и со фотографија во костим за капење ја разгорела имагинацијата на мажите

984

Пејачката со провокативната фотографија направила хаос на социјалните мрежи.

Пејачката Селена Гомез моментално престојува во Мексико, каде допатувала за да присуствува на моминската вечер на своја братучетка, а ги запалила социјалните мрежи со жешка фотографија во костим за капење и предизвикала лавина од коментари.

Позирала во едноделен костим за капење кој ги истакнувал нејзините облини, а со своето провокативно издание ја разгорела имагинацијата на мажите.

Фановите на Селена најмногу го забележале деколтето, бидејќи низ влажниот костим се гледале нејзините брадавици.

“Господе, имај милост”, “Колку добро изгледа”, “Пресекси си”, “Сакаме повеќе вакви фотографии”, “Ме уби со оваа фотографија”, се само некои од коментарите.

Потсетуваме, Селена до неодамна важела за најследена личност на Инстаграм, додека не ја преминале Кристијано Роналдо и Кајли Џенер. Меѓутоа, неодамна зборувала за лошите страни на Инстаграм и признала дека едно време ги избегнувала социјалните мрежи, бидејќи се чувствувала лошо кога го гледала тој “совршен” он-лајн свет.