Секој ден по 1000 евра ќе троши Владата на Република Македонија за летови во Европа и на интерконтинентални дестинации. Ова е предвидено во тендерот за набавка на авиобилети кој беше објавен деновиве.
Дваесет милиони денари или 320 илјади евра вреди тендерот коj го објави Генералниот секретаријат, а се однесува за летови во економска и бизнис класа. Износот е предвиден да се потроши за период од една година, а владините функционери ќе летаат во Европа и на интерконтинентални дестинации.
Според техничката спецификација носителот на јавната набавка по потреба ќе треба да изврши и бесплатен превоз до скопскиот аеродром. Дестинациите на летање не се познати и тие ќе бидат утврдени во договор со економскиот оператор кој ќе ја добие набавката.
Извор – skopjeinfo.mk