Во Кривичен судење за случајот со смртта на малата Тамара

742

Во Кривичен денеска продолжува судењето за случајот со смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство. Во предметот на ЈО обвинети се вкупно 12 лица за несовесно работење во службата.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.