Јехуда и Маја Девир, уметниците кои стојат зад популарната серија цртежи “Еден од оние денови”, во април за првпат станале родители на малата Ариел.
Јехуда ја нарекол својата ќерка “најсмешното и најдрагоценото суштество кое некогаш го видел”. Младиот брачен пар е пресреќен поради новиот член на семејството, но велат дека раѓањето на детето им ја променило динамиката во врската.
Јехуда започнал да објавува илустрации на Инстаграм со наслов “Сè е во ред” на кои во визуелна форма зборува за потешкотиите и емоциите со кои се сретнал како новопечен татко.
“Во ред е кога таа плаче во твоите раце. Во ред е да ја сака само својата мајка. Во ред е ако не можете да спиете. Во ред е што ја немаш таа врска за која сите зборуваат”.
“Во ред е ако сè уште не ја сфаќаш дефиницијата на твојата работа. Во ред е да сте уморни. Во ред е што сте лути. Во ред е што работите не функционираат. Во ред е да побарате прегратка”.
“Во ред е да споделувате со партнерот низ што сè проаѓате, иако тоа не ви изгледа претерано мажествено. Во ред е ако вашиот живот се променил”.
“Во ред е ако плановите се откажани. Во ред е да немате време за ништо. Во ред е да се чувствувате слабо”.
“Во ред е да бидете нерасположени. Во ред е да се чувствувате осамено. Во ред е да побарате помош. Во ред е”.
И додека почетокот на родителството за нив понекогаш бил борба, овој пар изјавил дека Ариел внела неверојатна доза на радост во нивните животи, а со тоа им донела многу инспирации за нови уметнички дела.
“Нашите стрипови се темелат на нашиот реален живот. Ќе полудиме, но сè е во ред”, напишал Јехуда.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

