Татабања исфрлена од СЕХА-лигата: Спартак Москва доби место во регионалното натпреварување

71

СЕХА-лигата денеска донесе одлука да ја исфрли Татабања од натпреварувањето поради несогласувања со управата на унгарскиот тим.

Според руските медиумите, замената за Татабања е веќе подготвена и станува збор за Спартак Москва.

Руската екипа ќе се натпреварува во групата А, кадешто ќе играат уште и Вардар, Мотор, Војводина, Нексе и Татран.

Првото коло од СЕХА-лигата се игра на трети и четврти септември.