Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, бил приведен и во моментов е на распит во полициската станица Карпош – дознава Лидер од извори во МВР.
Тој бил уапсен од секторот за организиран криминал.
Како што дознаваме, Дончев е приведен по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име “Лепливи раце”.
Во видеото се гледаше како тој во торба става снопче пари изрекетирани од една компанија.
Во овој момент не е познато каде е пронајден од страна на полицијата и дали се обидел да бега.
Како што дознаваме, по распитот во П.С. Карпош се очекува тој да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















