Гужва на „Влез“ – Јелена Карлеуша и другите ѕвезди им прават проблеми на организаторите

664

Подготовките за „Влез“, најголемиот фестивал на популарна музика некогаш виден во овој регион се во полн ек. Тридневниот музички спектакл ќе се одржи од 11 до 13 јули на Белградскиот саем, каде посетителите ќе имаат можност за прв пат да ги чујат најголемите ѕвезди на Балканот на едно место. Веста за спектаклот на отворено ги преплави медиумите и социјалните мрежи, а се очекува на секој фестивалски ден да присуствуваат околу 50 илјади луѓе.

И повеќе од очекувано е дека збирот на толку естрадни ѕвезди не може да помине без ниту еден скандал, а како и не кога на едно место се собрани бивши партнери, пријатели, колеги… па поради тоа атмосферата на моменти знае да биде и напната. Организаторите веќе со недели мака мачат и со необичните барања на пејачите како што се нереалните рајдер листи, интерни и лични препукувања околу тоа кој што добил, а почна и борба околу термините за проба, танлери, бина и специјални ефекти, а има и такви кои бараат посебни гардеробери. Се спремаат посебни кореографии и сите на некој начин сакаат да се истакнат, што на тимот на организатори дополнително им ја отежнува работата.

Инаку, медиумски покровители на „Влез“ се и „Бекстејџ“ и „Бекстејџ Медиа“, а влезници за фестивалот можете да ги најдете на сите онлајн и продажни места на „Тикетс“ во Србија – tickets.rs, а цените се од 500 денари па нагоре, во однос на тоа дали сакате еднодневна или тридневна влезница.