Столе го поправи спикерот: Мојата земја е Република Македонија!

2496

На прес-конференцијата по финалето, присуствуваа Роберто Парондо и Стојанче Стоилов. Спикерот ги најави финалистите и му честита на Вардар, но Стоилов најде проблем, па го исправи. Проблемот беше – името на нашата земја!

Спикерот рече, честито, ова е втора титула за Вардар и прва за Северна Македонија. Стоилов кажа што имаше, но на крај со лице се сврте кон него и му кажа дека името на нашата земја е друго.

„Честитки на Веспрем за фер и коректната борба, одигравме одличен натпревар. Не сакам многу да зборувам сега, сите сме под силни емоции од оваа победа. Знаеме со какви проблеми се соочувавме цела сезона, затоа ова е голема победа за нас и за мојата земја – Република Македонија“, рече капитенот.